Стандардот за кој никој не зборува (а би требало) Да бидеме искрени. Кога професионалците во осигурувањето ќе слушнат за „имплементација на МСФИ“, нивните мисли веднаш скокаат на МСФИ 17. И тоа со право – тоа е најзначајната промена во сметководството за осигурување во последните неколку децении. Но, во сенката на тој гигант, еден друг стандард тивко ги менува билансите на состојба низ целата индустрија: МСФИ 16 – Лизинг. Работата е во следново: осигурителните компании имаат значајно портфолио на лизинг. Помислете само на сите тие подрачни единици каде што клиентите доаѓаат за да пријават штети, возниот парк за проценителите на штети или ИТ инфраструктурата во дата центрите. Ова не се занемарливи…
-
-
Што всушност претставува групирањето на договорите според МСФИ 17? Замислете некој да ви даде 50.000 активни договори за осигурување и да ви каже: „Групирајте ги според МСФИ 17“. Од каде воопшто да почнете? Тоа е предизвикот со кој денес се соочуваат многу осигурителни компании низ нашиот регион. Ако го следите нашиот серијал за МСФИ 17, веќе ја знаете пошироката слика — „што“ и „зошто“ претставува овој трансформативен стандард. Во претходниот текст (Подгтовете се за МСФИ 17), ја претставивме новата логика на мерење која го менува начинот на кој осигурителите ги признаваат приходите и добивката. Сега е време да ги засукаме ракавите и да се позанимаваме со она „како“. Реалноста е…
-
Осигурителните друштва се соочија со една од најкомплексните сметководствени промени, со воведување и имплементација на МСФИ 17 – Договори за осигурување. Додека многу компании ширум светот почнаа да го применуваат овој стандард во 2023 година, патувањето е далеку од крај. Разбирањето на тековните предизвици и можности останува од клучно значење за финансиските раководители, ревизорите и актуарите кои работат во осигурителниот сектор.



