GetReadyForIFRS17
МСФИ 17

Дали сте подготвени за МСФИ 17

Подгответе се за МСФИ 17: Што е тоа што осигурителни компании треба да го знаат веднаш

Осигурителните друштва се соoчија со една од најкомплексните сметководствени промени, со воведување и имплементација на МСФИ 17 – Договори за осигурување. Додека многу компании ширум светот почнаа да го применуваат овој стандард во 2023 година, патувањето е далеку од крај. Разбирањето на тековните предизвици и можности останува од клучно значење за финансиските раководители, ревизорите и актуарите кои работат во осигурителниот сектор.

МСФИ 17 фундаментално го менува начинот на кој осигурителните компании ги евидентираат договори за осигурување. МСФИ 17 на специфичан начин ги сублимира различни сметководствени пристапи до единствена, глобално конзистентна рамка. Додека МСФИ 4 им дозволува на компаниите значителна флексибилност (понекогаш премногу), МСФИ 17 бара конзистентност и транспарентност.

Стандардот воведува три пристапи за мерење, секој дизајниран за различни видови на осигурителни производи:

Општиот модел на мерење (GMM) како стандарден пристап за повеќето договори за осигурување. Друштво за осигурување при почетно признавање ги мери своите осигурителни обврски користејќи ги тековните проценки на идните парични текови, прилагодени за ризикот и маргина која претставува нереализирана добивка во текот на траење на договорот.

Пристапот на распределба на премии (PAA) поедноставен метод за краткотрајни договори (обично помалку од една година) или кога дава резултати слични на општиот модел. Во суштина овој пристап може да се гледа како рационализирана верзија која ја намалува сложеноста во пресметки за релативно едноставни производи.

Пристапот со варијабилни надоместоци се однесува конкретно на договори каде корисник на осигурување директно учествуваа во принос од инвестирање – вообичаено за одредени производи од животно осигурување.

Предизвиците во имплементација

Податоци: Основа која има потреба од обнова

Звучи поетски, но треба да се каже дека најголемото изненадување во МСФИ 17 за многу компании се барањата за податоци. МСФИ 17 бара детални информации за кои многу досега користени системи едноставно не се дизајнирани да ги опфатат. Потребни се грануларни податоци за паричните текови, границите на договорите и карактеристиките на ризикот – и тоа вообичаено за многу години наназад за постоечки производи.
Во процес на подготовка за имплементација многу финансиските тимови откриле дека немаат доволно детали за нивните производи. Прашањата кои некогаш биле ирелевантни одеднаш стануваат критични: Што точно ја активира границата на договорот? Како се следат модификациите на поединечни полиси? Стандардот не само што го менува начинот на кој се пресметуваат договори и параметри што произлегуваат од нив, туку го менува што е она што треба да го знаете за вашиот бизнис.

Трансформација на процесот: Повеќе од пресметки

МСФИ 17 влијае на целиот работен процес во осигурителните компании. Тимовите што развиваат нови производи мораат веднаш да размислуваат за сметководствените ефекти уште од самиот почеток на дизајнирање на производот. Секторот за процена на ризици мора да собира поопширни информации пред да прифати одреден ризик. Обработката на штетите бара сосема нови начини на следење и контрола. Финансискиот тим сега соработува потесно со актуарите отколку што било кога досега.

Месечното и кварталното известување станаа значително покомплицирани и бараат тесна соработка меѓу оддели што традиционално работеле независно еден од друг. Голем број компании беа принудени целосно да ги преосмислат и реорганизираат своите процедури за финансиско известување.


Зошто МСФИ 17 е важен

Финансиска транспарентност

И покрај предизвиците во воведувањето, МСФИ 17 обезбедува вистински придобивки. Стандардот прави јасна разлика меѓу резултатите од основната осигурителна дејност и приходите од инвестиции, што им овозможува на акционерите поточно да проценат колку успешно работи основата на вашиот осигурителен бизнис.

За финансиските директори ова значи поквалитетни показатели за мерење на успешноста. За ревизорите претставува подобра контрола над клучните процени и основни претпоставки. За актуарите пак, создава поцврста поврзаност меѓу нивната стручна работа и финансиското известување на компанијата.

Ефикасно управување со ризик

Акцентот што се дава на тековните проценки и експлицитните прилагодувања на ризикот природно ги подобрува практиките за управување со ризик. Компаниите добиваат подобра видливост во нивнита изложеност на ризик и можат да донесуваат информирани одлуки за цените и дизајнот на производот.

Маржа за договорни услуги (CSM) – во суштина нереализирана добивка од договорите за осигурување – станува клучен индикатор за ефикасност кој го рефлектира квалитетот на новиот продукти и извршувањето на постоечките договори.

Конкурентни предности

Организациите кои ефективно имплементираат МСФИ 17 (и други МСФИ) често откриваат и многу оперативни подобрувања покрај основна усогласеност со регулатива. Квалитетни и детални податоци даваат основа за подобро разбирање на продуктите, нивната ефикасност, квалитете и влијание на портфолио. Способност за софистицирано и прецизно моделирање води кон подобро ценовно позиционирање. Подобрената транспарентност може да ја намали цената на капиталот.

Практични чекори за успех

Започнете со реална проценка

Пред да планирате подобрувања, разберете каде точно се наоѓате. Оценете го квалитетот на податоците, системските способности и подготвеноста на тимот. Многу компании ги потценуваат недостатоци, што води кон брзање во имплементација што понатаму се рефлектира во долгорочни проблеми.

Размислете за ангажирање на надворешни експерти за независна проценка, особено доколку имате предизвици во специфични технички области или имате потреба да се споредите со пракса во индустријата.

Инвестирајте во квалитетна инфраструктура

Технолошките решенија донесени во текот на спроведувањето на МСФИ 17 често траат со години. Размислете за решенија кои можат да растат со вашиот бизнис и да се прилагодат на променливите барања. Платформите базирани на claud нудат посебни предности за помалите компании или оние кои сакаат да избегнат големи инвестиции.

Не заборавajте на инфраструктурата на податоците. Стабилните рамки за управување со податоците, јасните структури на сопственост и автоматизираните процеси на валидација стануваат од суштинско значење за одржување на квалитетот на податоците со текот на времето.

Изградете крос-функционални тимови

МСФИ 17 ги разбива традиционалните „зидови“ помеѓу актуарските, сметководствените и ИТ тимови. Компаниите кои создаваат интегрирани тимови со јасни комуникациски канали и заеднички цели, се тие кои на долг рок се успешни и стануваат уште постабилни.

Континуирани обуки и споделување на знаење се од клучен значај за да сите вклучени во имплементацијата разберат како нивната работа придонесува за целокупниот процес на МСФИ 17.

Оценете ги способностите на вашиот актуарски тим и разгледајте дополнителна обука или ресурси. МСФИ 17 бара специјализирано знаење во области како што се методологија за прилагодување на ризикот, одредување на дисконтна стапка и моделирање на паричниот тек.

Долгорочен план

Запомнете дека имплементацијата на МСФИ 17 не е еднократен проект. Стандардот продолжува да се развива преку практично искуство и регулаторни насоки. Изградете процеси кои лесно ќе се прилагодуваат кон идните, променливи барања на регулаторите.

Што следи?

Преминот кон МСФИ 17 доведе до значителни промени во вредноста на осигурителните обврски и компаниите сè уште учат како да го оптимизираат пристапот. Друштва што веќе го применуваат стандардот, ги споделуваат научените лекции и најдобрите практики се допрва ќе гледаат.

Искуството покажува дека друштвата се соочуваат се неколку предизвици во првата година од примената, особено со капацитетот за имплементација и ограничувањата на постоечките системи. Сепак, компаниите кои го гледаат МСФИ 17 како можност за трансформација, а не само усогласување, постигнуваат добри резултати во имплементација од самиот почеток.

Стандардот станува катализатор за модернизација, насочувајќи ги друштвата кон ефективно и квалитетно управување со податоци, ефикасноста на процесите и можностите за донесување стратешки одлуки.

Чекор по чекор

МСФИ 17 претставува повеќе од нови сметководствени правила – тој е можност да се зајакнат способностите за финансиско известување на осигурителните друштва и да се добие подлабок увид во деловни перформанси. Иако предизвиците се реални, придобивките од зголемената транспарентност, подобреното управување со ризикот и оперативната ефикасност го прават напорот вреден.

Success requires viewing IFRS 17 as an ongoing commitment rather than a finished project. Companies that invest in building strong foundations – quality data, robust systems, skilled teams, and effective processes – position themselves not just for compliance, but for competitive advantage in an evolving insurance market.

МСФИ 17 е проект во движење. Компаниите кои инвестираат во изградба на цврсти темели – квалитетни податоци, стабилни системи, квалификувани тимови и ефективни процеси – се позиционираат не само за усогласување, туку и за конкурентна предност во развојот на пазарот за осигурување. Клучното е да се пристапи кон спроведувањето на МСФИ 17 внимателно, со доволно ресурси и реални рокови.


Ова е прва од серијата статии кои го објаснуваат спроведувањето на МСФИ 17. Во идните постови подлабоко ќе ги обработиме специфични технички области, практични решенија и научени лекции од друштва кои веќе го применуваат стандардот.

This post is also available in: English srpski

My mission is to pass on the knowledge and experience I’ve gained to the generations stepping into their own challenges. I want them to be stronger, wiser, and more successful than we were. Because the future belongs to the young — and it is our responsibility to help them shape a world that is better for all of us.