МСФИ 16

Идентификување на договори за лизинг по МСФИ 16

Сметководствено евидентирање на лизинг започнува со едноставно, но критично прашање:

👉 Дали oвој договор е лизинг?

Според МСФИ 16, одговорот на ова прашање може да има значително влијание врз билансот на состојба, добивката и загубата, па дури и на кредитни ковенанти. Доволно е едно погрешно класифицирање на договор за лизинг и вашиот биланс на состојба може да раскажува погрешна приказна и да покрене несакани ревизорски прашања.

Комплицираниот дел е тоа што многу договори всушност не го користат зборот “лизинг”. За некои договори се чини дека се договори за услуги, но всушност се маскирани лизинзи. Други изгледаат како лизинг, но излегуваат дека се нешто сосема различно.

Во овој блог пост ќе разгледаме како да го идентификуваме лизингот според МСФИ 16, зошто е тоа важно и на што да внимаваме во оние гранични ситуации кои ги сопнуваат дури и искусните финансиски тимови.

Зошто е ова важно?

Според МСФИ 16, ако договорот содржи лизинг, корисникот на лизинг мора да признае:

  • средство со право на користење, и
  • обврска за лизинг во билансот на состојба.

(Освен доколку договорот не се квалификува за краткорочни или исклучоци со ниска материјална вредност.)

Доколку го пропуштите овој чекор, бројките во вашите финансиски извештаи може да бидат погрешни. Затоа финансиските директори, сметководителите и ревизорите треба да ги поставуваат вистинските прашања од првиот ден.

Добра појдовна точка е:

“Дали овој договор ни дава контрола врз користењето на одредено средство во замена за определен надоместок?”

Доколку одговорот е позитивен, постои голема веројатност за примена на МСФИ 16.

Идентификување на Лизинг

Два клучни теста

МСФИ 16 вели дека договорот е или содржи лизинг ако две работи се точни:



Ајде да ги разлгеднеме подетално овие прашања.

Чекор 1: Проверете дали постои идентификувано средство

Прво, погледнете дали договорот вклучува одредени средства. Ова може да биде зграда, одредена машина, возило, па дури и дел од поголем предмет – како на пример еден оптички кабел во мрежа.

Постојат два начина на кои ова може да се направо:

Експлицитна идентификација – Договорот го именува средството.

Пример: “Магацински простор 7Б во логистичкиот парк, со ексклузивен пристап преку коридор 12.”

Ова ниво на специфичност е вообичаено во договорите за недвижен имот и дистрибуција, и јасно идентификува средство со право на користење.

Имплицитна идентификација – Дури и доколку не е именувана, добавувачот може да ја достави услугата само со користење на едно специфично средство.

Пример: Договор за хостинг е во claud каде што провајдерот гарантира дека вашите податоци да се сместени на еден физички сервер во нивниот објект во Франкфурт, а миграцијата бара ваша писмена согласност.

Иако серверот не е именуван со сериски број, практичните и договорните ограничувања значат дека само еден специфичен сервер (идентификувано средство) може да го исполни договорот.

Но тука доаѓаме и до следното: ако добавувачот има суштинско право да го замени средство за време на периодот на договорот, тоа всушност не е “идентификувано средство”.

✅ Пример за лизинг: Суштинска замена е ограничена

Производна компанија склучува договор за специфична индустриска прес-машина, сериски број XYZ-4401. Добавувачот може да ја замени машината само доколку машината се расипе/престане да работи и слична замена е веднаш достапна.

Зошто е лизинг: Замената е ограничена на ретки, исклучителни околности. Корисникот има ефективна употреба на идентификувано средство.

❌ Пример за договор за услуга: Суштинско право на замена

Логистичката компанија има склучено договор за возила каде што добавувачот обезбедува “10 комбиња за испорака”, но може да го замени секое возило во случај потреба на одржување, замена за дизел/бензин/хибрид погон, или оптимизација на рутата по нивна дискреција.

Зошто не е лизинг: Добавувачот ја задржува практичната можност и економскиот поттик да го замени. Ниту едно комбе не е “идентификувано”.

Чекор 2: Проценете го правото на контрола

Дури и доколку има идентификувано средство, клиентот мора да има право да контролира како се користи средство.

Ова се сведува на две прашања:

  1. Дали купувачот ги добива сите економски придобивки од користењето на средствата?
  2. Дали купувачот одлучува како и за која цел ќе ги користи средствата?

Ако и двата одговора се “да”, тогаш договорот најверојатно содржи лизинг.

✅ Пример за лизинг: Право на контрола врз средство

Трговецот на мало изнајмува фрижидери за продавници. Трговецот одлучува какви производи да складира, температурни поставувања, работни часови и може да ги преместува фрижидерите помеѓу продавниците. Добавувачот обезбедува само квартално одржување.

Зошто е лизинг: Трговецот на мало насочува и одлучува како се користат фижидерите и ги добива сите економски придобивки (капацитет за складирање). Услугите за одржување се повремени.

❌ Пример за договор за услуги: Право на контрола врз средство

Компанијата склучува договор со логистички провајдер за чување на залихите во заеднички магацин. Провајдерот одлучува за локациите каде ќе бидат сместени залихите, потребна опрема и може да ги премести залихите за да го оптимизира просторот за повеќе клиенти.

Зошто не е лизинг: Добавувачот контролира како се користи магацинскиот простор и опрема. Компанијата купувачот само одредува што се складира и кога да се преземат залихите за складирање – немаат контрола врз магацинот (средство).

Осигурителна индустрија: Центар за обработка на штети

Осигурителната компанија склучува 10-годишен договор за ексклузивно користење на спратот 8 во заедничка канцелариска зграда за да го смести секторот за обработка на штети и сите опреации поврзани со штети. Осигуравачот го одредува изгледот на канцеларијата, ИТ инфраструктурата, работното време и персоналот. Сопственикот обезбедува одржување и безбедност на зградата.

Проценка: Ова е лизинг. Осигурителната компанија има право да контролира физички посебен дел од зградата (кат 8) и ги добива сите економски придобивки од користењето на тој простор за своето работење.

Гранични ситуации и предизвици

Некои договори се наоѓаат во сивата зона. Ова се оние кои обично предизвикуваат дебати помеѓу финансиите, правниците и ревизорите. Еве неколку елементи кои треба да се следат внимателно:

🔄 Право на замена

Ако добавувачот може слободно да го замени средството кога и да посака, нема идентификувано средство. Но, ако замената е дозволена само во ретки случаи (како поправки), средствата сепак може да се сметаат како идентификувани.

Клучниот тест: Дали добавувачот има практична способност и економски поттик да го замени?

Делови од средствата

Изнајмувањето физички посебен дел од имотот (на пример, еден кат од зграда) обично се квалификува за МСФИ 16.

Но изнајмувањето на не-одвојив дел (на пример, 20% од капацитетот на гасоводот) не го квалификува за МСФИ 16 – освен ако не претставува значително целиот капацитет на средствата.

Пример: Телекомуникациска компанија изнајмува 15 од 96 жици во подземен кабел (16% од капацитетот). Ова не е лизинг бидејќи жиците не се физички одвоени и не го претставуваат целиот капацитет на кабелот. Сепак, ако тие изнајмат 90 од 96 жици (94% од капацитетот), тоа најверојатно ќе се квалификува бидејќи тие ги добиваат сите економски придобивки.

Договорни ограничувања

Понекогаш употребата е ограничена со договор (на пример, возилото може да се користи само во рамките на одредена територија, или опремата може да се користи само во одредени часови). Тоа е во согласност со МСФИ 16 – се додека корисникот ги добива економските придобивки во тој опсег, контролата обично сè уште постои.

Ова се често “заштитни права” кои го штитат интересот на добавувачот, а не суштински ограничувања на контролата на корисникот.

Однапред определени одлуки

Ако клучните оперативни одлуки се претходно поставени, контролата може да биде во рацете на корисникот, особено ако тој го дизајнирал средството или има ексклузивни оперативни права.

Пример: Фармацевтска компанија склучува 10-годишен договор за производна линија изградена според нивните точни спецификации. Додека договорот го одредува производствениот процес (за да се обезбеди регулаторна усогласеност и стандарди за квалитет), фармацевтската компанија има ексклузивни права на производството и ги одредува производствените распореди.

Проценка: И покрај оперативните ограничувања, ова е лизинг бидејќи купувачот го дизајнирал средствата за нивна специфична цел и има ексклузивни права да го насочи неговото користење во рамките на однапред одредените параметри. Ограничувањата се заштитни, а не укажуваат на контрола на добавувачот.

Одвојување на компонентите за лизинг и не-лизинг

Многу договори комбинираат елементи на лизинг со услуги. Чести примери вклучуваат:

  • Изнајмување на канцеларии со чистење или безбедносни услуги,
  • Изнајмување на опрема со одржување,
  • ИТ инфраструктура со услуги за поддршка.

Според МСФИ 16, потребно е да се одделат компонентите на лизингот (кои одат во билансот на состојба) од компонентите кои не се лизинг (кои остануваат трошоци).

Пример за вграден лизинг: ИТ аутсорсинг

Договорот за ИТ аутсорсинг наведува дека добавувачот ќе обезбеди “специфична инфраструктура за ERP хостинг”. Ова вклучува два физички сервери исклучиво доделени на вашата компанија за пет години, лоцирани на точно определена сервер соба. Оваа вградена компонента за лизинг мора да биде одвоена од услугите за поддршка на софтверот.

Зошто е важно: Специфично определени сервери ја исполнуваат дефиницијата за лизинг (идентификувани средства + контрола), додека софтверските лиценци и поддршка се услужни компоненти. Во случај наведене не-лизинг компонента да не е одвоена а е материјално значајна, ќе доведе до ревизорски корекции во финансиски извештаи.

Практична кратенка: Во интерес на изнаоѓање на практично решение, компаниите можат да изберат да не ги одделуваат не-лизинг компоненти и да ги третираат како лизинг. Ова може да го поедностави сметководството, но исто така може да ги зголеми обелоденети обврски. Ова прашање е вредно да се дискутира со ревизорите за да се дојде до најсоодветно решение за финансиски извештаи.

Практична листа за финансиски тимови

Еве неколку едноставни чекори кои можат да се следат при разгледување на договори:

  • Прочитајте го договорот внимателно – Не се потпирајте на насловот/називот/описот. “Договорот за услуга” сè уште може да го крие лизингот.
  • Идентификување на средствата – експлицитно или имплицитно.
  • Проверете ги правата за замена – Може ли добавувачот да ги замени по своја волја? Дали имаат практична способност и економски поттик?
  • Проценка на контролата – Кој одлучува како и кога ќе се користи средствата? Кој има корист?
  • Барајте вградени лизинги – особено во ИТ, логистика и аутсорсинг договори.
  • Одделни компоненти — Лизинг наспроти не-лизинг елементи.
  • Документирајте го вашиот заклучок – заклучок без потпорна документација со која објаснувате вашиот став неупотреблив. За потреби на документирање пред менаџментот, ревизорите и други засегнати страни потребно е вашиот заклучок да биде рационално објаснет и во пишана форма.

Зошто МСФИ 16 е важен за финансиските директори

Во примена на МСФИ 16 не се работи за штиклирање на листа, впрочем како ни во еден друг стандард. Правилна идентификација на лизинг влијае на:

  • Билансот на состојба – Лизингот ги зголемува средствата и обврските, влијаејќи на финансиски показатели.
  • Профит и загуба – трошоците за лизинг се трансформираат од директна закупнина во амортизација и камата.
  • Кредитни ковенанти— Во некои договори за заем/кредит користат коефициенти кои се влијание на МСФИ 16.
  • Транспарентност – Инвеститорите и регулаторите обрнуваат големо внимание на обврските за лизинг.

Завршни мисли

Идентификувањето на лизингот според МСФИ 16 е всушност определување на контролата и економските придобивки, а не само за откривање на зборот “лизинг” во договорот.

Доколку во имплементација влезете со структуриран, внимателен пристап, финансиските директори и финансиските тимови можат со сигурност да ги класифицираат договорите, да обезбедат веродостојни финансиски извештаи и да избегнат непотребни корекции и прилагодувања.

Примерите што ги спомнавме опфаќаат повеќе индустрии, бидејќи предизвиците за идентификување на лизингот се појавуваат насекаде – од производни погони, центри за податоци, малопродажба, логистика се до финансискиот сектор. Принципите остануваат доследни: определете го идентификувано средство, проценете кој го контролира неговото користење и не дозволувајте терминологија во договорите да ве наведе во заблуда.


Подготвени сте да го совладате МСФИ 16?

Пријавете се за обука за “МСФИ 16 – од идентификација до известување“ – наменета за финансиски директори, ревизори и сметководствени тимови.

Преземете ја нашата бесплатна ЧЕК ЛИСТА ЗА ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ЛИЗИНГ и искористете ја кога следниот пат прегледувате потенцијален договор за лизинг.

This post is also available in: English srpski

My mission is to pass on the knowledge and experience I’ve gained to the generations stepping into their own challenges. I want them to be stronger, wiser, and more successful than we were. Because the future belongs to the young — and it is our responsibility to help them shape a world that is better for all of us.