Што всушност претставува групирањето на договорите според МСФИ 17? Замислете некој да ви даде 50.000 активни договори за осигурување и да ви каже: „Групирајте ги според МСФИ 17“. Од каде воопшто да почнете? Тоа е предизвикот со кој денес се соочуваат многу осигурителни компании низ нашиот регион. Ако го следите нашиот серијал за МСФИ 17, веќе ја знаете пошироката слика — „што“ и „зошто“ претставува овој трансформативен стандард. Во претходниот текст (Подгтовете се за МСФИ 17), ја претставивме новата логика на мерење која го менува начинот на кој осигурителите ги признаваат приходите и добивката. Сега е време да ги засукаме ракавите и да се позанимаваме со она „како“. Реалноста е…
-
-
Осигурителните друштва се соочија со една од најкомплексните сметководствени промени, со воведување и имплементација на МСФИ 17 – Договори за осигурување. Додека многу компании ширум светот почнаа да го применуваат овој стандард во 2023 година, патувањето е далеку од крај. Разбирањето на тековните предизвици и можности останува од клучно значење за финансиските раководители, ревизорите и актуарите кои работат во осигурителниот сектор.




