Riskure Academy

Место каде што комплексно пие кафе со лесно

Вашиот партнер за совладување на ревизија, осигурување и МСФИ стандарди

Riskure Academy настана од едно едноставно прашање: зошто едукацијата за професионално сметководство и финансии е толку далеку од реалната пракса? Како лиценциран ревизор со искуство во осигурувањето и имплементацијата на IFRS, мојата кариера ја поминав поврзувајќи ги теоријата и практичната примена – а сега тоа искуство го пренесувам и тука.

Нашиот фокус е на три клучни области – ACCA обуки и подготовки, совладување на МСФИ и експертиза во осигурителна индустрија.

Управувајте со комплексни стандарди со самодоверба

МСФИ 16 Лизинг – Од прва примена до тековна усогласеност и автоматизирани решенија.

МСФИ 17 Договори за осигурување – Практични упатства за транзијија во осигурителна индустрија.

МСФИ 9 Финансиски инструменти – Класификација, мерење и обезвреднување во пракса

Детални и опсежни курсеви, урнеци, пресметки, студии на случај.

Достано на англиски, српски и македонски.

Бесплатни ресурси + премиум курсеви

Специјализирана поддршка за професионалнци во осигурителна индустрија.

МСФИ 17 имплементација и обуки.

Групирање на договори и избор на метод за мерење.

Оцена на влијание од транзиција и планирање

Преглед и разбирање на актуарски претпоставки од ревизорска перспектива

Дизајнирано за финансиски директори, контролори и финансиски тимови во осигурителна индустрија.

Достапни консултации еден на еден.

Зошто е Riskure Academy различна?

Практична имплементација, не само теорија

Кога учиме за IFRS 16, не зборуваме само за примери од книга – покажуваме како во пракса водиме ланец продавници низ целиот процес на подготвување на базите за лизинг, како ги решивме измените во договорите и на кои „црвени знаменца“ внимаваме при ревизија на МСФИ 16. Кога учиме за ревизорски процедури, ти покажуваме како навистина ја проценивме способноста за продолжување на работењето кај едно трговско друштво или како го проверувавме признавањето на приходите во една градежна фирма.

МСФИ 16 Дисконтна Стапка

Сјај во осигурителна индустрија

Повеќето обуки за МСФИ ги третираат осигурителните компании исто како и сите други фирми. Сепак, сметководството и финансии во осигурувањето е суштински различно – особено кога станува збор за мерење на обврските, реосигурувањето и извештаите. Со години искуство во ова поле, пренесуваме нашата експертиза и помагаме на тимови во осигурителни друштва да ги надминаат специфични предизвици, особено кога се работи за МСФИ 17.

Професионални стандарди, Личен пристап

Добивате врвни обуки со ригорозни и квалитативни стандарди, комбинирани со директен пристап до инструктор што одговара во рок од 24 часа и Ве третира како колега, а не као уште еден студент на број.

Регионален контекст, глобална препознатиливост

Го познаваме бизнис опкружувањето на Балканот, локалните закони и сите реални ограничувања со кои се соочуваш – но те учиме според светски признати меѓународни стандарди. Нашиот статус како ACCA Silver Learning Partner е само уште една потврда дека нашиот начин на учење навистина функционира.

ЧПП

Што всушност нуди Riskure Academy?

Даваме услуги во три клучни области: ACCA курсеви за испити од професионално стратегиско ниво, Обуки во област на имплементација на МСФИ (особено МСФИ 16, МСФИ 17, МСФИ 9) и специјализирани консултантски услуги во осигурителна индустрија.

Кога започнуваат обуки за ACCA ?

Нашиот први курс за ACCA започнува во Април 2026. МСФИ ресурси и консалтинг услуги се достапни веднаш.

Дали е Riskure Academy ACCA акредитиран?

Да, ние сме официален ACCA Silver Learning Partner, единствени во Западен Балкан и фокусирани на стратегиско професионално ниво.

Дали нудите МСФИ консултации или само обуки?

Во нашата понуда ќе ги најдете дигитални 24/7 достапни МСФИ обуки, плус еден на еден консалтинг услуги за имплементација на проекти, особено МСФИ 17 и МСФИ 16.

Што е посебно во Вашата имплементација на МСФИ 17?

Ние комбинираме ревизорска перспектива (што е она што го имаме видено во ревизија на осигурителни друштва) со искуство од имплементација (како навистина функционира во пракса) – најголем дел од консултанти нудат една од опциите.

Дали постои поддршка на српски и македонски јазик?

Да. Додека содржината на ACCA е на англиски јазик како што се бара на испитот, МСФИ материјали се достапни на сите англиски, српски и македонски а поддршка за подготовка на испит е исто така на сите три јазици.

Што е вклучено во цената на ACCA курсеви и подготовка?

Комплетни материјали, снимени сесии и сесии во живо, практични прашања, mock exams, континуирана поддршка и пристап до МСФИ ресурси како комплементарен дел од учење.

This post is also available in: English srpski