Го знаете тoa чувство кога читате IFRS стандарди и мислите дека се напишани на некој тајна шифра? Па, не сте единствени!
По повеќе од една деценија помината во светот на ревизија, осигурување и финансиско известување, гледав како брилијантни професионалци “се мачат” со IFRS стандардите – не затоа што им недостасува знаење, туку затоа што овие стандарди се напишани како да се намерно заплеткани.
Таа фрустрација ја претворив во инспирација. Зошто финансиските стандарди не можат да бидат јасни како добро кафе? Зошто учењето IFRS мора да биде мачење, а не задоволство?
Затоа ја создадов оваа платформа. Бидејќи верувам дека секој финансиски професионалец заслужува да ги совлада овие стандарди како шеќер во кафе – лесно, природно, и со насмевка на лицето.

Мојата приказна започнува во време и место каде што успехот бараше непоколеблива посветеност по вистинскиот пат. По дипломирањето, продолжив кариера во ревизијата, привлечена од вредностите на интегритет, етика и квалитет – вредностите што ја красат професијата. Но, додека работев на ревизии на друштва за осигурување, го открив мојот вистински повик. Нешто во врска со тоа што осигурување ја штитити иднинанта на лугето, длабоко резонираше со мене. Она што започна како едноставна задача се трансформираше во мојот вистински професионален повик, поттикнувајќи решителност што ќе ја обликува мојата кариера.
Работењето во „Big 4“ фирмата ми даде многу повеќе од техничка експертиза. Ме научи на лидерство, менаџмент, отпорност – и ми даде животни лекции што ги носам со себе денес. Бев сведок на многуте лица на корпоративниот живот: неговите придобивки, барања и сериозни предизвици. Сум видела луѓе како се искачуваат од своите први чекори до највисоките позиции, а исто така сум била сведок и на тешките падови и личните борби кои честопати остануваат невидени. За да преживееме – и да напредуваме – во корпоративниот свет, потребно е не само знаење, туку и длабоко разбирање на луѓето и врските.
Надвор од мојот професионален живот, јас сум горда мајка на три деца, среќно мажена и обожавател на патувањата. Цврсто верувам дека семејството е најважното нешто што можеме да го градиме и чуваме. Довербата, почитта и разбирањето се трите столба на кои стојат и професионалните и личните односи. Овие делови од мојот живот постојано ме потсетуваат на важноста на рамнотежата, дисциплината и отпорноста – вредности кои ја обликуваат не само мојата личност, туку и начинот на кој работам, подучувам и поддржувам другите во нивните кариери.
Денес, мојата мисија е јасна: да го пренесам знаењето и искуството што го стекнав на идните генерацији. Бидејќи иднината им припаѓа на младите – и наша одговорност е да им овозможиме да го обликуваат светот да биде многу подобар од оној што ние сме го создале.
